Парти зона

Парти зона
Овде можете да играте избрани игри – исто како во изложбената зона, но овие се посебно избрани да имаат кратки и лесни правила, да бидат забавни и погодни за големи групи. Ова е одлично место да го започнете вашето патување во светот на друиштвените игри. Обично, овие типови на игри користат различни механизми за охрабрување на асоцијации, тестирање на рефлексите или меморијата на играчите и промовирање на тимска игра.