Платена зона

Покрај богатата фестивалска програма со бесплатен влез, платената зона нуди дополнителни услуги што можат да ги направат искуствата на посетителите уште поразновидни, бидејќи колку и да ги сакаме друиштвените игри, разбираме дека постои живот и надвор од нив. 😄
Овде нашите партнери нудат разновидни алтернативни искуства, како што се огромни надувни трамполини, боење на лица, ATV тури, археолошки музеј, јаже парк со качувачки ѕидови и повеќе.